Фудбалерите на ПСЖ го одбраа новиот капитен за претстојната сезона. Француските медиуми пишуваат дека Килијан Мбапе го загубил влијанието во соблекувалната со најновите случувања.
Капитен на тимот ќе биде Бразилецот Маркињос, кој всушност ќе продолжи да ја носи лентата. Килијан Мбапе ќе ја има улогата на заменик капитен, а во најтесниот избор беше и Преснел Кимпембе.
Мбапе еден период беше под суспензија, но раководството на ПСЖ сепак одлучи да го врати во тимот откако изнајде позитивно решение за најавите дека тој сака да го напушти клубот бесплатно следното лето.