Top Sport

Лајпциг понудил 30 милиони евра за Елмас, но Наполи ги одбил

Германскиот бундеслигаш Лајпциг понудил 30 милиони евра за да го купи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Раководството на „биковите“ бара нови засилувања кои треба да ги заменат Доминик Собослаи и Конрад Лајмер кои го напуштија клубот.

Сепак, според италијанските медиуми, Наполи ја одбил понудата за Елмас. Претседателот Аурелио де Лаурентис не сака ни да слушне за продажба на Македонецот, а размислува и да му достави понуда за продолжување на соработката.

Актуелниот договор на Елмас со Наполи има важност до 2025 година.

 

Scroll to Top