Top Sport

Дидие Дрогба е нов селектор на Брегот на Слоновата Коска

Еден од најуспешните африкански фудбалери на сите времиња, напаѓачот Дидиe Дрогба, a назначен за селектор на националниот тим нa Брегot на Слоновата Коска. Досега Дрогба не беше заинтересиран за тренерска работа, но федерацијата реши да му верува и му понуди договор на четири години.

Тој доаѓа на местото на 69-годишниот Французин Жан-Луј Гасе.

Брегот на Слоновата Коска важи за една од најталентираните фудбалски нации на африканскиот континент, но нивната репрезентација не успеа да се пласира на последните две светски првенства, во 2018 година во Русија и во 2022 година во Катар. Немаат успеси во последните три изданија на Африканскиот куп на нации, каде максимумот е пласман во четврт-финалето.

Дрогба штотуку ја доби тренерската Про-лиценца и влезе во професијата со огромни амбиции. Федерацијата му постави задача да ги освои следните две изданија на турнирот во Купот на Африка, со оглед на фактот дека во 2024 година ќе бидат домаќини.

Дрогба, исто така, си постави за цел да се квалификува со тимот за Мундијал 2026 година, кој ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

 

Scroll to Top