Никола Јокиќ, најдобриот НБА кошаркар, кој го предводеше Денвер до титулата во најсилната конкуренција, продолжува да лудува во Србија. Поточно во родниот Сомбор.
Познато е дека Јокиќ е голем љубител на српскиот турбофолк, а вирални станаа сцените на кои Нагетс ја прославуваат историската титула во соблекувалната на тимот со турбофолк. Меѓу нив се и хитовите на најголемата ѕвезда Цеца Ражнатовиќ.
Секако, нејзиниот настап во Сомбор не можеше да помине без ВИП гостин. Јокиќ лудуваше во првите редови на бината на Градската кафана, а „Српската мајка“ во еден момент му проговори на националниот херој: „Господине Јокиќ, честитки за освојувањето на прстенот. Наша гордост, српска гордост. Освои уште десет и доста е!“
Јокиќ кој пееше со Цеца додека пиеше вино, вртеше салфетка и се качуваше на столче, го трогнаа песните „Београд“,„Уште по навика спијам во твојата маица“, а кога почна „Јадна те мојата моќ“, тотално полуде, се соблече до половината и веќе беше целосно испотен од играње, бришејќи ја потта со маицата.