Top Sport

Артета отстранил седум играчи од тренингот

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, отстранил седум фудбалери од тренингот на првиот тим. Станува збор за фудбалери на кои им е кажано дека за нив повеќе нема место во Арсенал. Клубот ќе се обиде да заработи од нивните продажби, за да може да го амортизира трошокот во актуелниот преоден рок, во кој се потрошени повеќе од 200 милиони евра.

Фоларин Балогун, Киеран Тирни, Алберт Самби Локонга, Нуно Таварес и Роб Холдинг се фудбалерите на кои Артета им кажал дека повеќе нема да тренираат со првиот тим, додека Николас Пепе и Седрик Соареш воопшто не тренираат со Арсенал, туку работат индивидуално.

Арсенал на сите начини ќе се обиде да ги продаде овие играчи до крајот на преодниот рок. Извесно е дека левиот бек Тирни ќе замине на позајмица во Реал Сосиедад, а напаѓачот Балогун ќе му биде продаден на Монако.

Не е исклучено Арсенал до крајот на преодниот рок да доведе уште едно засилување. Се очекува Артета да реагира поради повредата на Тимбер.

Scroll to Top