Напаѓачот на Реал Бетис, Борха Иглесијас изјави дека ќе ја бојкотира шпанската фудбалска репрезентација откако шефот на федерацијата (РФЕФ) Луис Рубијалес одби да даде оставка по контроверзите со бакнежот на Џени Ермосо по финалето на СП во жени.
Рубијалес потврди дека нема намера да си даде оставка и покрај скандалот кој се предизвија во Шпанија, наидувајќи на остри реакции на повеќе поранешни фудбалери. 30-годишниот Иглесијас, кој има два настапи за сениорската репрезентација, вели дека е време за акција.
„Тажен сум и разочаран. Како фудбалер и личност не се чувствувам како да сум претставен од овие случки. Да се носи шпанскиот рес е една од најдобрите работи во мојата кариера и не знам дали ќе биде опција во иднина, но не се враќам додека вакви работи поминуваат без казна. За пофер, похуман и почесен фудбал“, вели Иглесијас.
Давид де Хеа, Икер Касилјас и Ектор Белјерин беа меѓу сегашните и поранешни фудбалери кои го нападнаа Рубијалес преку социјалнит мрежи.
„Ушите ми крварат“, напиша Де Хеа на Твитер како коментар на говорот на Рубијалес.
„Овие пет дена требаше да зборуваме само за девојките. За радоста која ни ја донесоа, за титула која ја немавме досега. Наместо тоа…“, напиша Касилјас.
Најстрог во коментарите беше Белјерин.
„Срамотно е тоа што се случува. Со претставување на нашата земја со вулгарности, извртување на изјавите и префрлање на вината. Како е возможно ова да не биде казнето. Фудбалот е социјална алатка за прогрес, мачизмот нема иднина. Тој верува дека не може да направи грешка, а само лаже“, напиша Белјерин.