Top Sport

Шанкуле прва на женскиот маратон, Поп Арсова не ја заврши трката

Етиопската атлетичарка Амане Берисо Шанкуле е победничка на маратонската трка во женска конкуренција на Светското првенство во Будимпешта. Таа ја мина патеката за време од 2:24,23 часа победувајќи ги ривалките од кои се одвои на пет километри пред целта со засилен финиш.

Второто место и припадна на Готитом Гебресласе од Етиопија, а на третата позиција се најде Мароканката Фатима Гардади.

Македонската натпреварувачка Адријана Поп Арсова, која беше наша единствена претставничка на Светското првенство, не успеа да ја заврши трката. Таа се откажала некаде по 22 километри од патеката.

Scroll to Top