Жоао Феликс уште се надева дека ќе се комплетира неговиот трансфер во Барселона пред крајот на преодниот рок, но во секој случај не планира да остане во Атлетико Мадрид и ќе замине во Саудиска Арабија, тврди шпанскиот „АС“.
Скапиот Португалец, кој минатата половина сезона играше како позајмен играч во Челси, е непожелен во тимот на Диего Симеоне, а во јуни јавно изајви дека сонува да игра за Барселона. Финансиската ситуација на Барселона го прави овој трансфер многу тежок, а бидејќи Феликс наводно веќе има договорено услови за трансфер во Ал-Хилал, тој сега чека да види како ќе се одвива ситуацијата.
Според „АС“, Атлетико се подготвени да го пуштат 23-годишниот Феликс во Барселона, но само доколку каталонскиот клуб се согласи да ја плаќа целосната плата.