Top Sport

Вест хем пак ги отворија преговорите за Хери Мегваер

Иако се сметаше дека нема ништо од договор, Вест хем ќе продолжат со преговорите со Манчестер јунајтед за трансфер на Хери Мегваер за потенцијален трансфер ова лето, тврди „Сан“.

„Чеканите“ првично понудија 30 милиони фунти за поранешниот капитен на „ѓаволите“, кој не е во плановите на менаџерот Ерик Тен Хаг, стартувајќи само осум меча во Премиерлигата минатата сезона и е без минутажа во првите три меча во новата сезона. Англичанецот има уште две години од договорот со Јунајтед и бара исплата од клубот за да си замине.

Претходно се тврдеше дека Мегваер не сака да направи трансфер и дека е подготвен да се бори за место во тимот.

Scroll to Top