Новата ѕвезда на Ливерпул, Доминик Собослаи вели дека амбициите на клубот оваа сезона се „огромни“, предупредувајќи го својот пријател и сосед, Ерлинг Халанд дека нема да имаат лесна одбрана на титулата.
22-годишниот Унгарец ги импресионираше фановите во првиот старт на „Енфилд“ против Борнмут и сега преку интервјуто ги кажа своите цели.
„Има многу мечеви пред нас. Сите во Премиерлигата влегуваат со желба за победа, така што мораме да имаме таков менталитет. Сакам да победувам и ќе направам што е можно за мојот тим. Сакам да ја освоиме Премиерлигата, Лига Европа и ФА купот“, вели Собослаи.
Тој потоа зборуваше за своето пријателство со Халанд, со кого играа заедно во Ред бул Салцбург, каде што станаа блиски.
„Тој живее на две куќи до мене. Зборувавм претходно, но потоа заминаа во Грцијаза Суперкупот. Ќе помине време до нашата следна средба. Сега сме ривали и тоа не е шега“, додава Собослаи.