Иако Баерн веќе дадоа 100 милиони евра за трансферот на Хери Кејн од Тотенхем, поранешниот претседател на баварскиот гигант, Ули Хенес инсистира дека тоа нема да биде „новата нормала“ во клубот.
Доминацијата на Баерн на фудбалскиот терен е надополнета со доминацијата во финансиите – тие ги држат првите пет места на листата на најскапи трансфери во историјата на Бундеслигата: Кејн (100 милиони евра), Лукас Ернандез (80 милиони евра), Матијс де Лихт (67 милиони евра), Ким Мин-Џеј (50 милиони евра) и Лирој Сане (49 милиони евра).
„Сигурен сум дека Баерн нема да троши по 100 милиони евра на фудбалер секоја година. Случајот со Кејн беше посебен, бидејќи се работи за посебен игра. Тоа нема да биде новата нормала“, вели Хенес за „Ди велт“.