И покрај тоа што уште е неизвесно дали американските сопственици, семејството Глејзер, ќе го продадат клубот, бордот на Манчестер јунајтед сака да му го продолжи договорот на Ерик Тен Хаг на уште две сезона, тврди „Дејли стар“.
И покрај неубедливиот старт на сезоната, првите луѓе на клубот сакаат да ја осигураат иднината на тренерот, кој има договор до 2025 година, нешто што веќе било одобрено од семејството Глејзер.
Процесот на продажба на Јунајтед трае повеќе месеци и не е јасно дали ќе биде прифатена понудата на катарскиот шеик Џасим, кој понуди 6 милијарди фунти за клубот.