Холандската штафета на 4х400 метри во неделата на спектакуларен начин го заврши Светското првенство во Будимпешта, а хероината беше последната измена и најголемата ѕвезда, 23. годишната Фемке Бол.
Девојката од Амерсфорт ги остави зад себе претставничките на Јамајка и Велика Британија во финиш кој ретко се гледа. Преостанатите три замени за Холандија беа Евелин Салберг, Лика Клавер и Кејтилин Питерс.
Фемке Бол доби неверојатно забрзување и во драма ги претрча Стејси Ен Вилијамс и Никол Ириган.
Сепак, оваа победа за Бол добива дополнително значење имајќи го предвид она што се случи осум дена претходно. Фемке ја трчаше и последната смена во холандската мешана штафета и беше во добра позиција за победа, но потоа падна пред целта и беше дисквалификувана.
Бол потоа го освои златниот медал на 400 метри со пречки во Будимпешта, а на крајот имаше шоу во женската штафета.
Иако има 23 години, серијата медали што ги освои Бол е веќе многу импресивна – бронза на Олимписките игри во Токио (400 пречки), сребро на последното СП во Јуџин, сребро на Светското првенство во сала во Белград.
The fall and rise of femke Bol.
1st clip: 4x400m mixed relay
2nd clip: 4x400m women’s relay pic.twitter.com/fbDB4O374F
— Indians Amplifying Suffering(IAS) (@ravithinkz) August 27, 2023
We're still not over this incredible anchor leg from Femke Bol in the women's 4x400m final ‼️#WorldAthleticsChamps pic.twitter.com/y2ukm9qqwh
— World Athletics (@WorldAthletics) August 27, 2023