Top Sport

Саинц: Ферари беше побавен од дури пет тима во Зандворт

Возачот на Ферари Формула 1, Карлос Саинц Јуниор, смета дека имал еден од најдобрите перформанси во сезоната на викендот во Холандија, каде што Ферари се бореше да остане во чекор со конкуренцијата.

Шпанецот истакна дека Ферари имале лошо темпо во трката и наиде на многу проблеми и покрај тоа што планот на трката функционирал добро. Саинц на крајот ја зазеде петтата позиција, бидејќи успеа да ги одбрани нападите на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

„Кога ќе ги погледнете перформансите на Алпин, би рекол дека го имавме само шестиот најбрз болид во Зандворт. Свесен сум дека во еден момент се чинеше дека можеме да се избориме дури и за место на подиумот, но реалноста е дека не можевме повеќе бидејќи темпото беше премногу лошо“, изјави Шпанецот и додаде:

„Успеавме да го спроведеме планот на трката, цело време се боревме за позиции со возачите на побрзите болиди. Мора да се задоволиме со петтото место. Не сум задоволен од перформансите на болидот, многу се мачев. Овој настап е еден од моите најдобри во тековната сезона“.

Саинц се наоѓа на петтото место во шампионатот со 102 бода. Во недела на програмата е трката за Големта награда Италија во Монца.

Scroll to Top