Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) отвори дисциплинска постапка против капитенот на Ливерпул, Виргил ван Дајк за неговата реакција по црвениот картон на дербито со Њукасл, по што му се заканува подолга суспензија од таа од еден меч.
Ван Дајк доби црвен картон за стартот над напаѓачот на Њукасл, Александер Исак на „Сент Џејмс парк“, но Ливерпул со двата гола на Дарвин Нуњез стигнаа до славна 2:1 победа.
„Виргил ван Дајк е обвинет за прекршување на Е3.1 одделот од правилата на ФА на 27 август. Дефанзивецот се однесуваше на неприфатлив начин и користеше навредливи зборови кон судијата откако доби црвен картон во 29. минута од мечот. Тој има до 1 септември да одговори на обвинението“, велат од ФА.