Top Sport

Наполи го добија Линдстром од Ајнтрахт

Наполи официјално го потврдија трансферот на данскиот репрезентативец Јеспер Линдстром од Ајнтрахт Франкфурт, првично на позајмица, а потоа со обврска за купување.

„Партенопеи“ ќе платат 5 милиони евра за првата сезона и ќе го купат 23-годишниот Данец за 20 милиони евра, од кои поранешниот негов клуб Брондби ќе добие 15 отсто. Линдстром потпишува петгодишен договор со Наполи и ќе добива околу 2.5 милиони евра годишна плата.

Линдстром ја доби наградата за најдобар дебитант во лигата во 2021/22, и постигна 12 гола и имаше 9 асистенции во две сезони во Франкфурт, а веќе има и 10 настапи за репрезентацијата.

Scroll to Top