Top Sport

Барса го испрати Ансу Фати на позајмица во Брајтон

Ансу Фати до крајот на сезоната ќе игра како позајмен фудбалер во Брајтон, објави новинарот Фабрицио Романо, а информацијата потоа ја пренесоа водечките шпански медиуми. „Марка“, наведува дека оди на позајмица за да добие поголема минутажа од онаа што ја има во каталонскиот гигант.

Фати е под договор со Барселона до крајот на сезоната 2026/27. Барселона се договори со Брајтон за позајмица во која англискиот клуб нема право да го откупи договорот на 20. годишниот крилен напаѓач.

Барселона постојано одбиваше да го продаде Фати, во 2020 година одби и 150 милиони евра за него, а пред неполна година му даде нов договор. Тој е заштитен со откупна клаузула од една милијарда евра и е еден од играчите од кои клубот очекува многу во иднина.

Фати дебитираше за Барселона во сезоната 2019/20, сепак неговиот подем го забави повредата на коленото, поради која имаше две операции. На вкупно 112 натпревари за Барса, Фати постигна 29 и забележа 10 асистенции.

Во оваа сезона, во првите три кола тој одигра само 47 минути.

Scroll to Top