Top Sport

Симаниќ итно опериран – Србија со играч помалку до крајот на СП

Српскиот репрезенттативец, Бориша Симаниќ, по натпреварот со Јужен Судан го заврши својот настап на Светското првенство во кошарка.

Членот на Сарагоса доби незгоден удар во дуел под кошот, откако кошаркарот на Јужен Судан, Нуни Омот, беше невнимателен во градењето и го удри со лакт.

„Симаниќ доби силен удар со лакт во пределот на бубрегот. Оценката на судијата и по повторното гледање на видеото е дека при ударот немало намера, но Симаниќ поради болки не можеше да го продолжи натпреварот. Веднаш по излегувањето од игра, Бориша Симаниќ беше испратен во итната медицинска помош на болницата во Манила, каде најпрвин е задржан на испитувања, а во текот на ноќта под надзор на лекарот на српската репрезентација, проф. д-р Драган Радовановиќ и опериран“, соопшти Кошаркарскиот сојуз на Србија.

Симаниќ се чувствува добро, бубрегот и сите функции се зачувани, но по операцијата го заврши учеството на Светското првенство.

Фото/ Profimedia

Scroll to Top