Преодниот рок во Англија завршува на 1.септември. Клубовите ги влечат последните потези, а а еден од нив е трансферот на талентираниот Кол Палмер од Манчестер сити во Челзи.
Медиумите пишуваат дека трансферот е договорен и дека Челси за Палмер ќе издвои околу 50 милиони евра. Интересно, оваа информација не стигна до оној кој прв треба се да знае, менаџерот на Челси Маурисио Покетино.
Аргентинецот на прес-конференција призна дека не бил информиран за доаѓањето на нов фудбалер во неговиот тим.
„Не знам ништо, ниту имам што да кажам за играчи кои не се наши. Од клубот ништо не ми кажале“, изјави Покетино.
Сепак прашањата на оваа тема продолжија, а Покетино издржа и не даде конкретен одговор.
„Не сакам да зборувам за играч кој не е потпишан. Не знам дали ќе треба повеќе или помалку труд за да го донесеме пред крајот на преодниот рок“, заклучи Покетино.
"The club still didn't tell me" 👀
Mauricio Pochettino on Cole Palmer's expected move to Chelsea 🔵 pic.twitter.com/AP01Zk9qb9
— Sky Sports News (@SkySportsNews) August 31, 2023