Top Sport

Саудиска Арабија не е закана за европскиот фудбал

Само клубовите од Европа можат да играат во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, во интервју за француски „Лекип“.

Првиот човек на европскиот фудбал, со ова јасно стави крај на шпекулациите дека Саудиска Арабија сака во блиска иднина да има свој претставник во елитната европска Лига на шампиони.

„Мислам дека парите на Саудиска Арабија не се закана за европскиот фудбал. Имавме слични примери и претходно. Фудбалерите одеа во Кина, доаѓаа големи понуди од таа земја, но кинескиот фудбал не напредуваше поради тоа. Тоа не е вистински пристап, мислам дека во Саудиска Арабија, или каде било на друго место, би требало да се инвестира во образованието и развојот на тренерите и играчите“, рече 55. годишниот Чеферин и се осврна на двете можеби најголеми фудбалски ѕвезди во Европа во моментов.

„Колку што знам, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд не сонуваат да одат во Саудиска Арабија. Повторувам, навистина не верувам дека квалитетот на нашите натпреварувања ќе биде загрозен во која било смисла“.

Scroll to Top