Манчестер јунајтед се фокусираат кон дефанзивецот на Тотенхем, Серхио Регуилон во потрагата за нов лев бек, откако не успеаја да се договорат за позајмица на Марк Кукурелја од Челси.
Кукурелја, неочекувано, беше дел од тимот на Маурисио Почетино кој вчера играше во меч од Карабао купот против Вимблдон, со што доби шанса дека ќе биде во игра за првиот тим оваа сезона, но исто така значи дека ако отиде во Јунајтед на позајмица би бил недостапен за трет клуб во 2023/24. Јунајтед се договорија со Шпанецот, но според „Атлетик“ сега се фокусираат на Регуилон како решение, за во исто време да ги продолжат преговорите со Фиорентина за Софијан Амрабат.
Регуилон нема играно за Тотенхем оваа сезона, откако лани беше на позајмица во Атлетико Мадрид.