Top Sport

Крос ги нападна фудбалерите алчни по арапските пари, но не и неговиот другар Роналдо

Германската ѕвезда на Реал Мадрид, Тони Крос ги нападна тие кои ги бркаат саудиските пари во фудбалот, но го изостави од критики неговиот порнешен соиграч и пријател, Кристијано Роналдо.

Токму Роналдо го почна „егзодусот“ кон Саудиска Арабија кога на крајот на 2022 се раздели со Манчестер јунајтед и потпиша богат договор со Ал-Наср. Оттогаш таму му се приклучиј Нејмар, Садио Мане, Фабињо, Карим Бензема, Рубен Невеш, Алекс Телес, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Калиду Кулибали, Марцело Брозовиќ, Роберто Фирмино и Џордан Хендерсон.

Крос инсистира дека нема да направи сличен избор и дека останува посветен на европскиот фудбал.

„Секој носи одлука сам за себе, како Кристијано Роналдо, кој реши да го направи тоа на крајот на неговата кариера. Но, тешко е да се оправдаат тие кои се сред својата кариера и имаат квалитети да играат за врвните клубови во Европа и се решаваат на таков потег. Потоа се правдаат дека тоа е амбициозна спортска одлука, но вистината е дека се работи само за парите. На крајот тоа е љубов кон парите и против фудбалот. И тука станува тешко за фудбалот кој ние го познаваме и сакаме“, вели 33-годишниот Крос во интервју за „Спортс илустрејтед“.

Scroll to Top