Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт е многу блиску до продажба на Рандал Коло Муани на Пари Сен Жермен за 90 милиони евра, откри „Радио Монте Карло“. На истекот на летниот преоден ројк, францускиот репрезентативен напаѓач ќе стане дел од тимот на Луис Енрике.
Пред два дена, Коло Муани одби да тренира со германскиот тим откако беше одбиена понудата од 80 милиони евра.
Тогаш ПСЖ се обиде со понуда од 65 милиони, плус Хуго Екитике. На крајот, Ајнтрахт ќе ја прифати понудата за 75+15 милиони евра.
Клубот од Франкфурт веројатно нема да се одлучи да го земе Екитике.