Американската тенисерка Фиона Кроули од бизарна причина не може да ја земе наградата од 81.000 долари што ја заработи на Ју-ес опен. Парите не може да ги земе поради бизарно колеџ правило.
Доколку ги земе парите ќе го изгуби правото да студира на Универзитетот во Северна Каролина.
Бизарните колеџ правила велат дека студентите спортисти не може да им се плати повеќе од 10.000 долари за спортски достигнувања.
Кроули е лута за она што и се случува, особено на фактот дека кошаркарите од колеџ добиваат милиони реклами според договорите за правата на имиџ (NIL), додека сите останати не можат да добијат ниту цент.
„Никогаш не би земала пари. Нема да ризикувам да останам без диплома. Се препотував со денови оваа недела. За мене е нереално дека фудбалерите и кошаркарите можат да земат милиони за имиџ договори, а јас не можам да ги земам парите за кои толку напорно работев“. рече таа.оваа 21. годишна тенисерка.
Фиона моментално е број еден колеџ тенисерка, таа се наоѓа на 728. место на ВТА листата.