Најдобриот стрелец на Барселона, Роберт Левандовски, упати жестоки критики на сметка на судењето во Ла Лига. Смета дека судиите „го убиваат фудбалот во Ла Лига“.
„Ла Лига не е напаѓачка лига и воопшто не е атрактивна. Шпанските судии се тие кои ја убиваат лигата“, беше брутално искрен Левандовски во интервју за полските медиуми.
Овие зборови сигурно нема да им се допаднат на раководството на Ла Лига, но и на судиите.
Левандовски минатата сезона постигна 23 гола на 34 натпревари, во новата, постигна еден гол во првите три натпревари.