Црвена звезда го донесе најскапото засилување во клупската историја. Во наредните 24 часа нов играч на српскиот шампион ќе стане Шериф Ндиаје.
Сенегалецот во Белград ќе пристигне од турскиот прволигаш Адана. Црвена звезда за Ндиаје ќе плати 4.000.000 евра, а доколку ги исполни клаузулите во договорот, Адана може да заработи уште 1.000.000 евра.
Црвена звезда нема веднаш да ги уплати сите пари, туку клубовите договорија ипслатата да биде во четири годишни рати.
Црвена звезда сезонава ќе се натпреварува во Лигата на шампионите против Манчестер сити, Лајпциг и Јанг Бојс. Првиот натпревар ќе го одигра во Манчестер на 19.септември.