Фудбалерите на Вардар ја забележаа првата победа во новата сезона. Во градското дерби црвено-црните ја победија Македонија ЃП. Во дербиот на колото Шкендија и Шкупи одиграа без голови, а со ист резултат заврши и натпреварот во Струмица, меѓу Брера и Работнички.
Вардар благодарение на добрата игра во прво полувреме ја победи Македонија ЃП со 2:1. Капитенот Мицевски од пенал донесе 1:0, а потоа во 33. минута предноста ја дуплираше Омерагиќ. Конечниот резултат го постави Величковски во судиското надополнување на времето во второто полувреме.
Резултати, 6.коло:
Брера Струмица-Работнички 0:0
Шкендија-Шкупи 0:0
Гостивар-Силекс 1:2
Воска спорт-Брегалница 2:0
Вардар-Македонија ЃП 2:1
Табела: