Актуелниот италијански шампион Наполи го доживеа првиот пораз во новата сезона. Лацио славеше победа 2:1 на „Диего Армандо Марадона“ стадионот во Неапол. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас поразот на Наполи го гледаше од клупата за резерви.
Лацио никогаш во историјата во сезона не влегол со три порази, тоа нема да се случи во актуелната. По поразите од Лече и Џенова, Лацио славеше кај актуелниот шампион.
Маурицио Сари тактички го надмудри Руди Гарсија, чии тим во второто полувреме делуваше како да залутал на натпреварот.
Патот до триумфот на Лацио му го трасираше Луис Алберто со фантастичен гол во 30.минута. Само две минути подоцна Наполи израмни со голот на Зјелински.
Во вториот дел повторно прекрасен потег на Луис Алберто, а Јапонецот Камада во 52.минута го псотигна вториот гол за Лацио.
Наполи од дебакл го спаси ВАР. Поради минимални офсајди им беа поништени головите на Закањи и Гендузи.