Чави Ернандез ќе остане тренер на Барселона барем до крајот на мандатот на претседателот Жоан Лапорта, тврди „Марка“, иако уште не е утврден датумот кога ова официјално ќе биде потврдено, бидејќи спортскиот директор Деко и агентот на Чави ги договараат деталите.
Според „Марка“, Чави со новиот договор ќе остане во клубот до летото 2026 година, кога според планот се следните претседателски избори во клубот.
Претходно се тврдеше дека Чави сака повисока плата за него и за неговиот тренерски тим, но според „Марка“ ова биле минорни пречки кои бргу биле надминати, бидејќи внатре во клубот нема дилема дека тој е вистинскиот човек да го води гигантот од Каталонија.
Чави лани ја освои титулта од Ла лига, предводен од својата цврста одбрана, иако честопати беше критикуван бидејќи не го игра стилот на игра кој го сакаат навивачите, со многу повеќе фокус на нападот.