Top Sport

Мбапе нема да потпише нов договор и ќе остане без 100 милиони евра

Килијан Мбапе имаше турбулентно лето, одби да потпише нов договор, поради што беше суспендиран и тренираше со вториот тим, а откако почна сезоната Луис Енрике го врати во првиот тим.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува следното лето и тој наводно веќе договорил се со Реал Мадрид. ПСЖ имаше желба најпрвин да го продаде ова лето бидејќи не сака следното лето да си замине без обештетување, а откако Мбапе одби да го напушти клубот, челниците на ПСЖ се обидоа да го убедат да го продолжи договорот.

Според „Лекип“, Мбапе ја одбил оваа опција. Значи нема да го продолжи договорот, но са за остане во тимот, односно да не седи на трибините цела сезона скапо ќе плати за тоа.

Напаѓачот ќе треба да се откажат од бонусите во неговиот актуелен договор. Ова значи дека тој ќе остане без 100 милиони евра од бонусот за лојалност.

Денеска во англиските медиуми се појавија шпекулации дека Мбапе би можел да заврши во Ливерпул. Според повеќе извори, тој договор зависи од тоа дали Саудијците ќе го купат Салах 215 милиони фунти. Со тој трансфер би обезбедиле пари за Мбапе.

Scroll to Top