Top Sport

Инзаги го продолжи договорот со Интер

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги денеска го продолжи договорот со клубот на една година, до 2025 година.

Овој 47. годишен тренер минатата сезона го предводеше Интер до финалето на Лигата на шампионите, во кое неговиот тим остави подобар впечаток но беше поразен од Манчестер сити со 1:0.

Под негово водство Интер ги освои последните две изданија на Купот на Италија.

Пред Интер, Симоне Инзаги беше на клупата на Лацио од 2016 до 2021 година.

Интер моментално е лидер во Серија А со девет бода, колку што има и Милан, со кој ќе се сретне во следното коло на 16. септември.

Scroll to Top