Српскиот капитен, Александар Коларов го доби подарокот од гувернерот на Самара, Дмитри Азаров, нова Лада Нива, за наградата за најдобар фудбалер и стрелец на гол на мечот Србија-Костарика, објавува „Спутник“.
Азаров во текот на СП изјави дека по советување со навивачите, реши автомобилот да биде доделен на првиот стрелец на голот на „Самара арена“, а тоа на 17 јуни го направи Коларов од слободен удар.
Коларов се заблагодари на автомобилот и изјави дека ќе го остави во Србија кај својот татко, кој е земјоделец и кому повеќе ќе му служи.