Top Sport

Кристијан Вуд ги засили Лејкерси

Лос Анџелес Лејкерс потпишаа двегодишен договор со Кристијан Вуд. Играчот кој ги покрива крилните и центрарските позиции ќе заработи 5.700.000 долари. Договорот вклучува и опција да биде продолжен и за сезоната 2024/2025.

Вуд ќе биде големо засилување за Лејкерси во нивната борба за враќање на врвот на Западот, бидејќи тој е многу вешт играч кој внесува разноврсност и длабочина во рекетот.

Доаѓањето на 28. годишниот Вуд и претходно на Џексон Хејс веројатно значат дека Ентони Дејвис многу повеќе ќе игра на својата природна позиција, односно како крилен центар.

Вуд минатата сезона имаше просек од 16 поени и 7,3 скока за Далас Маверикс.

Тој е еден од само четворицата играчи високи најмалку 208 сантиметри кои во последните две сезони постигнале најмалку 100 тројки.

Останатите се Никола Вучевиќ, Лаури Марканен и Џарен Џексон Јуниор.

Пред Далас, за кој играше претходната сезона, Вуд две години играше за Хјустон Рокетс.

Scroll to Top