Возачот на Ферари, Карлос Саинс Јуниор смета дека најголемата предност која ривалите од Ред бул ја имаат е во фантастичното ракувње со гумите, кога РБ19 болидот останува стабилен, додека сите други почнуваат да се лизгаат и да губат контрола.
Саинс, кој не успеа да ја задржи пол-позицијата на Италијанското ГП од Макс Ферстапен, додава дека тоа е поради аеродинамичките решенија на кои Ферари мораат да работат. Кога на Макс Ферстапен му посочија преку радиото во Монца дека „Саинс малку се лизга“, Холанѓанецот посочи дека кај него сите работи „се во ред“.
„Ако не споредите со Мерцедес и другите тимови, изгледаше дека имаме одлична брзина. Ако не споредите со Ред бул, беше јасно дека тие се побрзи од нас, посебно по петтиот круг кога им се загреаја гумите. Има јасни показатели дека Ред бул ја прави разликата со менаџирањето на гумите, по што можат да туркаат со повисоки брзини. Се обидуваме да најдеме решие за иднината. Верувам дека клучот е во аеродинамиката и мора да работиме повеќе во Ферари на тоа за следната година. Оваа година, тоа е што го имаме ние и тие, и затоа се толку доминантни“, објаснува Шпанецот.