Top Sport

Литванците ја „уништија“ Словенија за меч за 5. место со соседите Летонија

Литванија стигна до убедлива 100:82 (33:21, 20:22, 22:20, 25:21) победа над Словенија во дуел за пласман на Светското првенство во кошарка, за да осигураат дуел со соседите, најголемото изненадување на турнирот, Летонија во мечот за 5. место, по нивната победа над Италија.

По одличниот старт на шампионатот со четири победи во низа, Словенците предводени од Лука Дончиќ губат трет пат едноподруго и ќе играат со Италија за седмото место во последниот меч за нив.

И овојпат Дончиќ беше убедливо најдобриот словенечки кошаркар на теренот со 29 постигнати поени, но тие не успеаја да се вратат по лошата прва четвртина, која Литванија ја доби со 33:21, по што уморот го направи своето.

Scroll to Top