Од Челси го предупредиле своето скапо засилување, Михајло Мудрик да „намали“ со неговите тренинзи во теретаната, стравувајќи дека Украинецот работи премногу.
Мудрик е очаен да покаже зошто „сините“ за него платија 89 милиони фунти на Шахтјор Доњецк, со само осум старта во клубот и без постигнат гол, но во тимот сметаат дека тој ризикува физичка подготвеност со својата работа.
„Тој ќе прави што му порачаат од Челси на тренинг, но потоа ќе најде време и да оди дополнително во теретана. Соиграчите забележуваат дека тој е посветен на работата“, вели анонимен извор од клубот за „Атлетик“.
Мудрик работи со својот личен тренер Дима Чаповскиј, честопати споделувајќи снимки од неговите тренинзи на Инстаграм.