Семејството на новиот напаѓач на Манчестер јунајтед, Расмус Хојлунд, нема да навива за него во мечевите од Лигата на шампионите на „ѓаволите“ оваа сезона.
20-годишниот Хојлунд ќе дебитира во ЛШ откако Јунајтед ја добија групата со Баерн Минхен, Галатасарај, но и клубот од татковината на напаѓачот, Копенхаген. Хојлунд ја почна кариерата токму во Копенхаген, пред да премине во Штурм Грац во 2022, за шест месеци подоцна да замине во Аталанта.
Покрај тоа, двајцата браќа близнаци на Хојлунд, 18-годишните Емил и Оскар, уште се фудбалери на Копенхаген, иако имаат по само еден настап за данскиот шампион.
„Им се јавив на браќата по ждрепката. Нашите родители беа поделени и не знам за кого ќе навиваат, но моите браќа сигурно ќе навиваат против мене. Ние сакаме да се натпреваруваме. Едвај чекам да се видиме во Лигатат на шампиони, на ‘Олд Трафорд’ или на ‘Паркен’. Тоа е мојот домашен клуб, а не добиваш многу шанси да заиграш против своите браќа, тоа е кул“, вели Хојлунд.