Бразилскиот фудбалер Нејмар летово се пресели од ПСЖ во саудискиот клуб Ал Хилал. Тој е само еден од играчите кои решија да ја напуштат Европа и да ги прифатат милионите од Саудиска Арабија.
Нејмар на прес конференцијата, на бразилската репрезентација, зборуваше за својот трансфер и го искористи за промоција на саудиската лига.
„Фудбалот во Саудиска Арабија е ист како и секаде на друго место. Топката е округла и во сите други земји. Кога ќе ги погледнете сите имиња во оваа лига, таа може да биде дури и посилна од француската лига. Секој што се противи на арапската лига ќе почнат наскоро да ја следат бидејќи станува се посилна“, рече тој.
„Сакам да освојувам трофеи со Ал Хилал. Не ми е грижа што велат луѓето. Ми рекоа дека француската лига е слаба, но најтешко ми беше да играм таму. Ќе биде интересно првенство и се надевам дека ќе го следиме. Не верувам дека тешко ќе се навикнам. Не зборувам арапски, но по пет-шест години во Франција не научив да зборувам на француски“, призна Нејмар.