Top Sport

Арсенал (конечно) се ослободи од Пепе – Репрезентативецот на БСК пристигна во Трабзон

Николас Пепе (28), од Арсенал, слета во Истанбул околу четири часот наутро и веднаш потпиша едногодишен договор со Трабзонспор со опција за продолжување на уште една година. Трабзон, во овој трансфер извојува победа над Бешикташ, кој исто така беше заинтересиран за еден од најскапите играчи во историјата на Арсенал.

Арсенал во 2019 година на Лил за услугите на Пепе му плати 80 милиони евра. До пред еден месец и трансферот на Деклан Рајс, тој беше најскапиот играч во историјата на клубот од северен Лондон.

Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска не го оправда вложеното и покрај тоа што бројките во сресот на Арсенал и не му се толку лоши.

На 112 натпревари за Арсенал постигна 27 гола и забележа 21 асистенција. Последен пат за Арсенал играше пред повеќе од една година, а минатата сезона ја мина на позајмица во Ница. Таму поради повреди пропушти дури 19 натпревари, но успеа да постигне осум гола.

Арсенал едвај чекаше да се ослободи од него една година пред крајот на неговиот договор. „Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на 18 милиони евра.

Scroll to Top