Top Sport

Најстариот играч во историјата на евроквалификациите ја завршува кариерата

Репрезентациите на Андора и Белорусија одиграа нерешено 0:0 во петтото коло од квалификациите за ЕП. Андора има голема причина за задоволство бидејќи го освои вториот бод во овој циклус квалификации.

На овој натпревар од домашните навивачи се прости Илдефон Лима (43), апсолутната легенда на фудбалот во оваа мала држава.

Најстариот фудбалер кој некогаш се појавил во квалификациите за ЕП најави дека ова му е последен натпревар пред домашните навивачи. Кариерата ќе ја заврши во вторник по натпреварот против Швајцарија. Тој во игра о финишот и на тој начин го забележа својот 136. настап за Андора. За својата репрезентација постигна 11 гола.

Кариерата ја започна во 1997 година, а најмногу натпревари (104) одигра за италијанскиот тим Триестина. Извесен период играше во шпанската лига за Рајо Валјекано и Лас Палмас.

Scroll to Top