Фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело, се спогодил со шпанските власти околу казната што треба д аја плати, бидејќи во минатото избегнал да плати данок.
Бразилецот добил четири месечна условна затворска казна и ќе треба на државаа да и плати 750.000 евра. Бидејќи затворската казна е помала од две години, а ова на Марсело му е прв престап, според шпанскиот закон тој нема да оди в затвор.
Како и во претходните случаи, Марсело бил обвинет дека затајувал данок преку странски фирми. Според обвинителството тоа се однесува на периодот кога во 2007 година дошол во Шпанија, но државниот обвинител имал докази дека затајувал данок и од 2013 година до 2017 година.
Бидејќи ја признал вината, паричната казна изнесува 40 отсто од данокот што го затаил.
Марсело признал дека „ги позајмил“ правата на својот лик и дело на уругвајската фирма „Бирсен трејд“, која „немала доволно средства и ресурси за работа“.
Бразилецот е само уште еден од долгата низа фудбалери што се спогодиле со шпанските власти. Истиот случај беше со Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Нејмар, Дани Алвеш, Алексис Санчез, Радамел Фалкао, Чаби Алонсо и други.