Санти Казорла минатиот месец се врати во шпанскиот второлигаш, Реал Овиедо, 20 години по заминувањето од клубот како тинејџер, и сега вели дека би играл бесплатно доколку тоа било дозволено според правилата на шпанската лига.
38-годишниот Казорла се откажа од 90 отсто од правата на нговиот лик, средства кои ќе одат во академијата на клубот од Овиедо, и ќе игра за минималната плата од 1.500 евра месечно, но само бидејќи шпанската лига ги обврзува клубовите да им даваат плата на своите играчи.
„Не дојдов во Овиедо да заработувам. Кога би можел, би играм бесплатно, но поради правилата на Ла лига, мора да заработувам минимална плата. Клубот ми даде доста добра понуда, но јас ја одбив. Се вратив за возбуда и за враќање на нешто за мојот клуб. Сакам да помогнам. Затоа ги поставив тие услови, за да помогнам на младите играчи“, вели Казорла.