Тајсон Фјури се подготвува за мега-дуелот со поранешниот УФЦ шампион Френсис Нгану, но ризикува да ја загуби својата ВБЦ титула во тешка категорија доколку не се договори за својо следен меч.
Фјури ќе се судри со Нгану на 28 октомври во Ријад, Саудиска Арабија, но тоа ќе биде егзибициски меч во кој неговата титула нема да биде под закана, по што ВБЦ федерацијата веќе му ја подготвува четвртата одбрана на титулата. „Дејли стар“ додава дека федерацијата сака тој да се сретне во рингот со Ентони Џошуа или Дионтеј Вајлдер на почетокот на годината.
Ова исто така значи дека ВБЦ може да организира интересна пресметка помеѓу поранешните светски шампиони Џошуа и Вајлдер. Џошуа во својот последен меч го победи Роберт Хелениус, додека интересно последниот меч на Вајлдер исто така е против Швеѓанецот Хелениус во октомври 2022 година. Фјури веќе трипати беше во рингот со Вајлдер, победувајќи двапати и одземајќи му ја титулата во 2020 година.