Top Sport

Рубијалес веќе не е претседател на Шпанската фудбалска федерација

Претседателот на Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ), Луис Рубијалес потврди дека се повлекува од својата позиција по скандалот со бакнежот на фудбалерката Џени Ермосо по освојувањето на светската титула во Австралија.

Рубијалес потврди дека се повлекува, признавајќи дека „не може да продолжи со својата работа“ по контроверзите кои ги предизвика и притисокот од ФИФА, шпанската фудбалска јавност, но и од самата шпанска влада.

„Ги сакам моите ќерки толку многу, што морам да го направам ова. Да, ќе си поднесам оставка, бидејќи не можам да продолжам со мојата работа. Зборував со моите ќерки и тие ми порачаа дека морам да се осврнам на моето достоинство и да продолжам со животот. Ако не го направам тоа, најверојатно ќе наштетам на луѓето кои ги сакам и н спортот“, изјави Рубијалес во интервју со Пирс Морган.

46-годишниот Рубијалес ја поднел оставката кај преодниот претседател Педро Роча, кој го замени откако ФИФА го суспендираше на 90 дена. Рубијалес исто така си заминува од позицијата потпретседател на извршниот комитет на УЕФА.

Scroll to Top