Топспорт во Малта,
Фудбалската репрезентација на Македонија ја победи Малта со 0:2 на гостински терен во Ла Валета и ги врати надежите за висок пласман, можеби и обезбедување бараж за ЕВРО 2024. Стрелци на головите за нашиот национален тим беа Елиф Елмас во петтата минута и Јован Манев во 41.минута од мечот.
Елиф Елмас донесе водство за Македонија во петтата минута со удар откосо од левата страна. Тој успеа да погоди во спротивниот агол.
Енис Барди и против Малта имаше одлично изведен слободен удар, но неговиот шут голманот Хенри Бонело го скроти пред гол-линијата. Вториот гол беше дело на Јован Манев во 41.минута. Тој со удар со глава успеа да ја затресе противничката мрежа.
Во 67.минута, по една одлична акција во која учествуваше речиси целиот тим, Алиоски шутираше откосо од левата страна и го погоди дирекот од голот на Малта.
DEFINI TRANQUILO ELMAS 🔥 🔥 💎 💎 pic.twitter.com/AxTqXEnl5K
— Mecedonia 🇲🇰 (@macedoniaffmkd) September 12, 2023
🇲🇹 Malta 0-2 🇲🇰 North Macedonia
GOAL (41')
⚽️ Jovan Manev
🅰️ Enis Bardhipic.twitter.com/O3TvQFGVTk— Guss (@CFCGuss) September 12, 2023
Графика: Sofascore за Тоспорт.мк