Top Sport

(Видео) Маркињос во 90.минута ги расплака Перуанците

Бразил ја забележа втората победа во квалификациите за пласман на Светското првенство. Во второто коло, во Лима, Бразилците славеа против Перу со 1:0.

Бразил се мачеше со борбените Перуанци, на крајот Маркињос им ги скрати маките. Во првиот дел поради офсајд беа поништени головите на Нејмар и Ришарлисон, во второто „кариоките“ не реализираа неколку шанси, а победата им ја донесе Маркињос во 90.минута.

Во октомври, Бразил ќе ја пречека Венецуела и ќе го гостува во Уругвај.

Квалификации за СП, Јужна Америка 2.коло:

Боливија-Аргентина 0:3
Еквадор-Уругвај 2:1
Венецуела-Парагвај 1:0
Чиле-Колумбија 0:0
Перу-Бразил 0:1.

Scroll to Top