Кошаркарот на Далас Маверикс, Кајри Ирвинг, на Новак Ѓоковиќ му „честиташе“ за победата на Ју-ес опен. Ирвинг уште еднаш ја искористи можноста да го искаже својот став за пандемијата на коронавирусот.
Иако беше суспендиран и не можеше да игра НБА натпревари бидејќи не сакаше да се вакцинира, Ирвинг не се откажа од идејата и противењето на вакцинацијата. Сега преку социјалните мрежи се радуваше преку примерот на Ѓоковиќ.
Српскиот ас го освои Ју-ес опен на кој лани не играше, бидејќи како невакциниран странски државјанин не доби виза за влез во САД.
„Невакцинираниот Новак Ѓоковиќ го освои Ју-ес опен. Тој победи и ние ќе победиме“, напиша Ирвинг на Инстаграм.
Kyrie Irving postou uma sequência de stories hoje
Uma sobre o Djokovic
"O não vacinado Novak Djokovic venceu o US Open"
"E nós vamos vencer também"
E depois também uns reels sobre teoria da conspiração pic.twitter.com/1vWxku5RLh
— NBA do Povo 🏀🇧🇷 (@NBAdoPovo) September 13, 2023
Во септември 2021 година, официјалните лица на НБА ги предупредија Бруклин Нетс, за кои играше Ирвинг во тоа време, дека на невакцинираните играчи може да им биде забрането да играат на домашен терен поради прописите за вакцинација во Њујорк.
Подоцна тоа се случи, Кајри Ирвинг не можеше да игра натпревари на домашен терен бидејќи не сакаше да го открие статусот на вакцинација, додека можеше да тренира со тимот во центарот на ХСС, кој се смета за приватна сопственост на Нетс.