Англискиот фудбалски репрезентативец и играч на Манчестер јунајтед Џејдон Санчо (23) е отстранет од првиот тим по конфликтот со тренерот Ерик тен Хаг. Санчо ќе тренира одвоено од останатиот дел од тимот додека не се реши ситуацијата со него и тренерот, соопштија од клубот.
Тен Хег го изостави Санчо од составот за натпреварот против Арсенал, кој се одигра претходно во септември. Холандскиот тренер објасни дека Санчо бил под вообичаеното ниво на тренинзите. Крилниот напаѓач потоа изјави дека тоа не е вистина и дека тој всушност долго време бил „жртвено јагне“.
Манчестер јунајтед го донесе Санчо од Борусија Дортмунд во 2021 година во трансфер вреден 85 милиони евра, но тој не ги оправда очекувањата. За две години одигра 58 натпревари во Премиер лигата, постигна девет гола со шест асистенции. Минатата сезона беше надвор од терените три месеци бидејќи работеше на менталното здравје.
Тен Хаг има проблеми со крилните играчи. Бразилецот Антони беше обвинет за физичко насилство врз поранешната девојка, поради што е отстранет од првиот тим.