Top Sport

УЕФА покрена постапка против Фудбалскиот сојуз на Романија

УЕФА официјално објави дека отвори дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Романија.

Романија го совлада Косово во Букурешт со 2:0, но мечот беше прекинат во првото полувреме 50 минути поради пораката „Косово е Србија“ која ја истакнаа хулиганите од романската група „Унити суб триколори“.

Истрагата на УЕФА беше неизбежна откако францускиот судија Вили Делајод и делегат на УЕФА презентираа извештај врз основа на кој Европската фудбалска асоцијација веќе започна истрага. Романскиот фудбалски сојуз е обвинет по пет точки.

Обвиненијата против Романците се: провокативни пораки од навредлив карактер (незаконски транспаренти, не само „Косово е Србија“, туку и „Бесарабија е Романија“), расистичко однесување, користење пиротехника, фрлање предмети на терен и блокирање на скалите и излезите на стадионот.

Претходно беше најавено дека Романија следните два натпревари ќе ги игра без публика.

Scroll to Top