Top Sport

Комити ги нападнале Лозари, им одзеле транспаренти

Голем инцидент му претходеше на неделниот натпревар во фудбалскиот шампионат на Македонија меѓу Тиквеш и Вардар.
Завчера вечерта, навивачите на Вардар, Комити, ги напднале навивачите на Тиквеш, Лозари.

Инцидентот се случил во салата „Јасмин“ во Кавадарци, каде Лозари подготвувале кореографија за неделниот натпревар.

„Лидер“, пишува дека во инцидентот биле користени тврди предмети и пиротехника. Комитите со неколку возила притигнале во Кавадарци. Ги нападнале навивачит на Тиквеш и одзеле навивчки реквизити.

Комитите на социјалните мрежи се пофалија со пленот.

Безбедностите камери на слата „Јасмин“ го снииле инцидентот. МВР најави повеќе детали за инцидентот.

Scroll to Top